fbpx

Ќе останеш во нашите срца: Македонија тагува, имаше само 42 години

На 42-годишна возраст рано утринава почина Мубекир Палоши, директорот и претседателот на управниот одбор на Железници на РСМ-Транспорт.

Тажната вест ја потврди и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

„Денес со длабоко жалење и со голема болка пишувам за заминувањето на нашиот пријател, брат, колега и идеалист, Мубекир Палоши. Среде неизмерната мака и тага, ние ја кажуваме само божествената позната фраза „На Алах сме и Нему ќе му се вратиме“. Сериозно, мора да го прифатиме овој факт и да се молиме за душата на нашиот другар, како и за трпеливата утеха на неговото блиско семејство. Ќе останеш во нашите срца и сеќавања како стабилен, непоколеблив, посветен и несебичен човек. Нека Бог не’ сретне во светот на вечноста, драг Мубекир!“, напиша Гаши.

Палоши дојде на раководната позицијата на државното железничко претпријатие кон крајот на декември 2021 година како кадар на Алтернатива.

Роден во 1980 година во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет со звањето дипломиран економист од областа на менаџмент и маркетинг. Работел во приватниот сектор како финансиски консултант, но учествувал и во формирањето на културно-образовна невладина организација.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тага! Почина Николина на 30 години, ја загуби битката со ракот

Почина Николина Поповиќ, 30-годишната девојка од Сараево која го обедини регионот откако ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Николина пред да се соочи со најтешката животна битка преживеа уште една семејна драма кога остана без родители. Последниве четири години храбро се носеше со болеста. Отвори и свој блог и беше […]