fbpx

Неочекуван пресврт: Еве што правела Маријана пред да исчезне, другарка ѝ откри сè

Два месеца трае потрагата по Маријана Зајферт, победничката во регионалното реално шоу „Големиот брат“ од 2011 година.

Таа исчезна на 27 април, а тој ден била облечена во кратка жолта маица, црна спортска јакна, црни хеланки со бело-црвени шари и светли патики.

„Нема нови информации, истрагата тапка во место. Се чувствувам лошо, но морам да се грижам за децата“, вели нејзиниот сопруг Карло.

Тој и Маријана добија дете во 2020 година, а таа има и 14-годишна ќерка од првиот брак.

Во медиумите сега се огласи и пријателка на Маријана откривајќи интересни детали за неа.

„Пред да исчезне комплетно се сврте кон верата. Доста читаше таква литература, едноставно се пронајде во молитвата. Тоа што зборуваат луѓето за неа, тоа што ја осудуваат.. Не сакам тоа да го коментирам. Најважно е таа да биде пронајдена, а нејзиното семејство да си го најде мирот“, раскажува таа.

Маријана пред една деценија беше најозборуваната личност на овие простори откако во популарното шоу „Големиот брат“ јавно пред камерите го изневери тогашниот сопруг со српскиот пејач Никола Немешевиќ Немеш со кого подоцна кратко беше и во брак.

И тој даде изјава за медиумите шокиран од веста дека Маријана исчезнала.

„Не знам што да ви кажам, се надевам дека добро ќе се заврши се’. Веќе долго време не сме во контакт, така да не знам ништо за неа“, вели тој.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Во потрага по парче леб: Кое е 22-годишното починато момче од Тетово?

Енис Халили е 22-годишното момче од Тетово кое се удави во водите на Јадранското Море. Како што објави телевизијата Клан, тој заминал во малото црногорско туристичко место Утјеха за да работи. Со ангажман требало да започне денеска, а вчера по сместувањето кое го добил од работодавачот, заминал на плажа. Соседите […]