Почина поранешната мисица: Причината за смртта ги шокира сите

Глејси Корија, поранешна Мис Бразил, почина по рутинска операција на крајникот. Причината за смртта е обилно крварење и срцев удар, пишува „Дејли меил“.

Глејси имаше само 27 години. Зафатот кој стручно се нарекува тонзилектомија го закажала на крајот од април. Веднаш по операцијата паднала во кома, а вчера починала, информира нејзиното семејство.

Телото е предадено во Институтот за судска медицина, а покрената е и интерна истрага во болницата под сомнение дека се работи за лекарска грешка.

„Бог го одбра денешниот ден да ни ја земе нашата принцеза. Многу ќе ни недостига, но сега со нејзината насмевка ќе го осветли небото“, пишува во трогателната посвета од нејзините најблиски.

Глејси беше прогласена за најубава девојка во Бразил во 2018 година.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Нова трагедија, естрадата во шок: Почина славниот пејач

Уште еден живот прерано згасна, фановите плачат И официјално е потврдено дека на 48 години почина Јуриј Шатунов, славниот руски пејач кој пред повеќе од една деценија имаше армија обожаватели во родната земја. Поранешниот вокалист на групата „Ласковиј Мај“ починал во амбулантно возило, соопшти неговиот портпарол за агенцијата „Тас“. Нема […]