Ненадејно на 34-годишна возраст почина Даниела, вереницата на познатиот пејач Том Ман.
Трагедијата се случила во саботата во утринските часови, на денот кога двојката требала да се заколне на вечна љубов и за кога била закажана свадбената веселба. Претходниот ден таа имала моминска забава, јавуваат британските медиуми.
„Не можам да поверувам дека го пишувам ова. Најдрагата моја Дени, мојата најдобра пријателка, моето се’ и љубовта на мојот живот почина на денот кој требаше да ни биде најсреќен. Се чувствувам како да сум исплакал цел океан. Не стигнавме до олтарот, ниту да ги изговориме заветите, ниту да го одиграме првиот танц, но знам дека знаеш дека ми беше сиот свет, најдоброто нешто што ми се случило. Даниела, ќе ја носам оваа бурма засекогаш“, напиша Том.
Двојката го има синот Боуви кој се роди на крајот од минатата година.
„Ветувам дека ќе дадам се’ од себе да го израснам нашето дете како што си посакувавме. Ветувам дека ќе бидеш горда на нас, а тој ќе дознае каква неверојатна мајка имал“, низ солзи раскажува Том.
Истрагата треба да покаже како Даниела починала, затоа што не била болна, ниту пак имала било какви здравствени проблеми.
Том Ман се прослави во шоуто „Икс фактор“ каде беше дел од бендот „Стерео Кикс“. Подоцна продолжи како соло-изведувач.
Фото: Инстаграм
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.