fbpx

Домашна маска ги освои жените: Со само две состојки имајте здрава коса

Едноставна е за подготовка, потребни ви се само две состојки кои сигурно ги имате дома, а резултатите се неверојатни

Поради страв од евентуално заразување, заборавивме како е редовно да се ужива додека професионалци се грижат за нашата коса. Сепак, ова е идеална шанса и самите да си посветиме внимание, особено на негата на нашата коса за која претходно не сме имале доволно време.

Дури не е ниту потребно да даваме пари во дрогериите и да импровизираме со изборот, кога според многумина иста маска за коса можеме да си приготвиме дома. Искуствата на жените кои веќе ја пробале е дека нема подобра.

Маска од јајца и лимон

Јајцата изобилуваат со витамините А, Д и Е, но и со протеини и масни киселини што помагаат косата да го задржи првобитниот сјај. Покрај тоа, се и одличен природен регенератор.

Лимонот е одличен за сите кои имаат проблеми со масна кожа на главата, бидејќи апсорбира масло. Витаминот Ц придонесува за јакнење на влакното, а природните киселини помагаат во чистењето на косата. Лимоновиот сок е одличен и за борба против првут.

За оваа маска ви е потребно:

– 1 белка

– половина лимон

Подготовка:

Во белката исцедете лимон и мешајте со миксер се додека не добиете хомогена смеса. Намачкајте ја косата и држете ја маската од 30 до 45 минути. Потоа измијте ја.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Неочекуван пресврт: Вистината за Александар за која досега се молчеше

Александар Јосифовски е новиот музички идол во Македонија откако синоќа во суперфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ одржа лекција по пеење и се пласира на второто место. Неговиот ментор Ѓорѓе Давид по завршувањето на шоуто откри зошто овој натпреварувач му влегол под кожа и откри болна вистина за него за која […]