fbpx

Македонија тагува: Почина Благоја Стојаноски

По долго боледување, денес во Господа се упокои протоереј Благоја Стојаноски (9.11.1944 – 26.6.2022), долгогодишен парох при соборниот храм Свето Благовештение во Прилеп.

Роден е во Прилеп. Средно богословско училиште завршил во Призрен. На 8.11.1966 година е ракоположен во ѓаконски чин, а на 27.11.1966 е ракоположен во свештенички чин од тогашниот Митрополит Преспанско-битолски Климент. Најпрво бил поставен за парох на Прилепечката парохија, а во 1974 година бил преместен на Варошката парохија. Во 1976 година бил поставен за парох на Малокоњарската парохија. Од 15.06.1977 година, се’ до неговото пензионирање во 2007 година, бил парохиски свештеник на Шестата парохија при нашиот соборен храм.

Во 1983 година, од Митрополитот Петар е ракопроизведен во протоерејски чин. Од 1984-1994 бил старешина при храмот Свето Благовештение. Во негово време е изградена новата административно-парохиска зграда во дворот на црквата, во 1990/91 година.

Протоереј Благоја Стојаноски се пензионира на 1 јануари 2007 година.

Опелото ќе биде извршено на 27.6.2022 година (понеделник) во 12.00 часот во соборниот храм Свето Благовештение во Прилеп.

Бог да го всели во Царството Небесно!

Фејсбук-статус на Свето Благовештение – Прилеп

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Домашна маска ги освои жените: Со само две состојки имајте здрава коса

Едноставна е за подготовка, потребни ви се само две состојки кои сигурно ги имате дома, а резултатите се неверојатни Поради страв од евентуално заразување, заборавивме како е редовно да се ужива додека професионалци се грижат за нашата коса. Сепак, ова е идеална шанса и самите да си посветиме внимание, особено […]