Познатата српска водителка на шоуто „Никад није касно“, Драгана Катиќ, низ годините се соочила со неколку навистина сериозни животни предизвици.
Партнерот ја оставил кога ѝ бил најпотребен, додека била бремена со близнаците Бобан и Бојан кои сега имаат дваесет и три години.
Катиќ која сите ја препознаваат како насмеана и ведра, пред две години конечно собра храброст да раскаже низ што сѐ поминувала кога ѝ било најтешко.
– Партнерот ме напушти кога бев бремена. Едноставно, бевме две индивидуи кои со години се познаваа, беа во некоја врска, се обидоа да живеат заедно, и сфатија дека тоа не оди. Всушност, одлучив себеси да не се малтретирам. Тоа беше крај и со тоа расчистив. Подоцна, тој од различни, во секој случај оправдани причини, не можеше многу да учествува во воспитувањето на синовите – откри водителката.
Откако партнерот ја оставил, на моменти помислувала на најлошото, но сфатила дека наместо да потоне во тага треба да побара стручна помош.
„Ми беше тешко и побарав помош од психијатар. Мислам дека тоа е сосема во ред“, раскажа таа.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО