fbpx

Трогателно испраќање на загинатите момчиња: Сите го забележаа овој детаљ!

Потресни сцени, тага и болка. Неверување и солзи за Огнен, Иван, Лука и Никола, четирите момчиња на возраст од 18 и 19 години кои загинаа во страшна сообраќајна несреќа во близина на селото Јанчиќи кај Чачак.

Голем број роднини и пријатели на настраданите се собраа на градскиот плоштад и во нивна чест беа пуштени бели балони.

Симболично, четири од нив не одлетаа кон небото, туку останаа закачени на еден висок столб, како асоцијација на огромното другарство на тинејџерите кое го гаеле од деца и кои заедно заминаа во вечноста.

А, оние што ги познаваа, велат дека биле деца за пример.

„Уште не ми е верно тоа што се случи. Имавме големи планови за во иднина. Требаше да полагаме испит за факултет. Ниту во најлошиот кошмар не можевме да помислиме дека вакво нешто може да се случи. Ова е огромен шок од кој никогаш целосно нема да можеме да се опоравиме“, вели другар на загинатиот Огнен.

Четирите млади лица загинаа кога автомобил „сузуки витара“ кој се движел од правец на селото Јанчиќи кон Чачак слетал од мостот во коритото на реката Каменица. Автомобилот се движел по локалниот пат Росцијанчиќи од правец на Гојна Гора во правец кон Чачак, каде, како што се сомневаат, по излегувањето од кривината слетале од мостот кој нема заштитна ограда. Возачот на автомобилот најверојатно поради неприлагодена брзина изгубил контрола, удрил во дрво, а потоа слетал од мостот од левата страна во коритото на реката Каменица.

Според неофицијални информации, несреќните млади момчиња се враќале од забава. Понатамошна истрага ќе ја покаже точната причина за несреќата.

Фото: РИНА/Принтскрин/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Тага! Почина познатата актерка, трагично го загуби животот

Трагедија! Никој не веруваше дека ова може да се случи Американската актерка Мери Мара, најпозната по сериите „Реј Донован“ и „Ургентен центар“, почина на 62-годишна возраст, потврди нејзиниот менаџер Крег Дорфман во изјава за „Си Ен Ен“. „Мари беше една од најдобрите глумици кои ги познавав. Се сеќавам кога во […]