fbpx

Моето тело повеќе не може: Прошталното писмо на починатата омилена водителка ќе ве расплаче

Дебора Џејмс почина лани на 41 година по тешка петгодишна битка со рак на дебелото црево.

Познатата водителка која се прослави на „Би Би Си“ отворено зборуваше за борбата против тешката болест. Лекарите на почетокот изјавуваа дека мала е веројатноста дека ќе живее подолго од пет години, а таа храбро се бореше и се обидуваше да живее со полни гради, се разбира колку што тоа ѝ го дозволуваа условите.

„Оваа порака не посакував никогаш да ја напишам. Направивме се’, но моето тело едноставно ме игнорира. Моето активно лекување е готово и сега сум префрлена на домашно лекување, а моето неверојатно семејство е околу мене и фокусирана сум на тоа ништо да не ме боли и да поминам што е можно повеќе време со нив. Никој не знае колку време ми остана, но знам дека направивме се’ што можевме“, истакна таа непосредно пред смртта.

На свое барање, Дебора во мај беше отпуштена од болницата и лекувањето го продолжи во домашни услови. Беше свесна дека се ближи крајот, а за тоа пишуваше и во нејзините колумни.

„Вистината е дека канцерот никогаш и не го снема. Заспа на кратко, но сега повторно се врати и овојпат лековите не делуваат. Го допрев дното, но се обидувам и понатаму да се будам со позитивна мисла. Се плашам од најцрното сценарио. Навистина ми е тешко да си ги гледам децата. Имаат 13 и 11 години и се прашувам дали ќе го дочекам нивното полнолетство. Веројатно нема. Се’ што сакам е да имам иднина и да мечтаам за неа. Сакам да славам уште родендени, да направам големи забави“, напиша таа пред да почине.

Во текот на лекувањето, омилената водителка иницираше и своја фондација за испитување на канцер и успеа да собере дури 6,5 милиони фунти. Пред неколку години ѝ беше врачен Орден од Британското кралство за особен придонес во хуманитарни проекти.

Следни Објави

Познатата манекенка ја покажа интимната регија: Влакната се се*си, не знам што е проблемот! (ФОТО)

Последниов период се’ понагласен е трендот за недепилирање кој го иницираа славните личности. Познатите дами одлучија да наметнат нешто што за повеќето е неразбирливо во 21 век. Некои ѕвезди отидоа чекор подалеку, па на социјалните мрежи почнаа да објавуваат фотографии од своите интимни регии. Меѓу нив и манекенката Ејми Хајер […]