fbpx

Работи кои мора да ги исфрлите од домот: Се верува дека носат несреќа и болести

Фенг шуи експертите имаат многу совети кои животот можат да ви го направат посреќен и поубав. Сѐ што треба да направите е грижливо да ги одберете работите кои ќе ги внесете во вашиот дом.

Од изборот на мебел и на бои, па се’ до уредувањето на дневната и на спалната, мора да бидете добро информирани.

За Фенг шуи честопати луѓето мислат дека е начин на уредување на домот кој содржи многу мистичност во себе. Всушност Фенг шуи е еден вид уметност и наука која се занимава со протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи.

Според Фенг шуи постојат предмети во домот што предизвикуваат негативна енергија и носат несреќа. Дури се смета дека некои предмети предизвикуваат и болести. Станува збор за нишалка и за скршен или расипан часовник. Никако не се препорачува и ѕидовите да ги обоите во зелена нијанса.

Постојат и предмети кои ќе ве заштитат од негатвна енергија и кои мора да ги имате. На пример, бамбусот е билка која носи среќа во домот.

Препорачливо е да имате и повеќе свеќи и огледала, а ако сте личност која често медитира или практикува јога, можете во својот дом да внесете мир со тоа што ќе додадете мала фигура од Буда.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Солзи и неверување: Македонија тагува, ненадејно почина Илија

На 55-годишна возраст вчера ненадејно почина Илија Хаџи-Мојсов, долгогодишен физеотерапевт на фудбалскиот клуб „Беласица“, вработен во Клиничката болница во Штип. „Имаше магична моќ во рацете“, пишува администраторот на фејсбук-страницата „Штипски асови“. Неговите сограѓани велат дека бил почитуван професионален масер кој помогнал многу спортисти, но и други пациенти побрзо да ги […]