fbpx

Бел шешир и патики: Ебру и Џеди блеснаа на свадбата во Охрид

Ебру Шахин, ѕвездата на турската хит-серија „Невозможна љубов“, и НБА-ѕвездата со македонско потекло Џеди Осман денеска го кажаа судбоносното „ДА“ во Охрид.

Како што и беше најавувано, во присуство на најблиските роднини и пријатели двојката се венча на брод, а случајните минувачи на охридското пристаниште не престанаа да ги фотографираат младенците со своите мобилни телефони.

Шахин за оваа прилика се одлучи за несекојдневна шик-венчаница, а на главата наместо класичен вел носеше впечатлив бел шешир.

За бела боја овојпат се одлучи и младоженецот, а наместо кондури, облече патики.

Во продолжение дел од атмосферата низ фотографии кои ги објави порталите „Охрид1 и „Њуз1“.

Осман е роден во Охрид во 1995 година, а потоа со семејството се преселил во Турција. Игра за Кливленд, а неговото богатство се проценува на над 50 милиони долари.

Турските медиуми пишуваат дека Ебру и Џеди планираат и голема свадбена веселба на плажа во Чешме каде што и се запознале.

Следни Објави

Славчо се одлучи за голема промена, омилениот прогнозер благодарен на Бога

Стружанецот Славчо Попоски кој со своите метео-анализи стана хит на социјалните мрежи сподели емотивен статус со кој сериозно ги замисли своите илјадници фанови. Момчето кое повеќе од една деценија го анализира времето и прави прогнози, пошироката јавност го запозна по големите поплави во Скопско во 2016 година кои однесоа и […]