fbpx

Го силувала четири пати на ден, имал само 14 години: Се појави шокантно видео, оваа жена немала милост

Сите се згрозени, станува збор за мајка на две деца

Богата наследничка се соочува со сериозни обвинувања за се*суално искористување на 14-годишен тинејџер и тоа четири пати во еден ден.

Савана Дејзли, 45-годишна австралиска, се појави на суд во Сиднеј поради обвинение за се*суално злоставување на деца, а судијата Жаклин Мајлеџ одби да ја пушти со кауција поради „прилично вознемирувачките обвиненија“.

Мајката на две деца и ќерка на славниот одгледувач на коњи Рос Дејзли, категорично ги демантира сите обвиненија изнесувајќи дека не е виновна.

Во полицискиот извештај е наведено дека таа минатата година во еден ден и тоа до 17 часот, четири пати силувала малолетник. Не е познато дали со наводната жртва претходно се познавала.

Адвокатот на обвинетата вели дека обвиненијата против неговата клиентка се „освета“, но обвинителот Даниел Ричардсон тврди дека постојат докази, меѓу кои е и видео со неморална содржина, но и снимка од телефонски повик на Савана на која таа наводно признава дека бакнала тинејџер. Ричардсон исто така открива дека на истата снимка се слуша како обвинетата вели дека речиси и да не се сеќава на инцидентот бидејќи во тоа време наводно била пијана.

– Таа вели: „Мислев дека ќе ми викнеш полиција, мислев дека ова го ставивме во мала кутија и го фрливме длабоко во морето“. Полицаецот кој ми ја обезбеди снимката ми предочи дека истата е погубна за обвинетата – појаснува обвинителот.

Савана во меѓувреме го избриша профилот на „Инстаграм“, но австралиските медиуми имаат „принтскрин“ од нејзините објави во кои тврди дека е трезна 223 дена. Исто така, на „Инстаграм“ открила дека повеќе не е со партнерот со кој се забавувала цели осум години.

Нејзиниот познат татко понуди да плати 10.000 долари за судот да одобри неговата ќерка да се брани од слобода, но ова барање беше одбиено.

Дејзли останува зад решетки до следното судско рочиште кое е закажано за 23 август.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија! Загина познатиот инфлуенсер, неговата девојка тешко повредена

Несреќата се случила во Бодрум каде двојката била на летување Популарниот инфлуенсер Џејк Меклин (33) загина во тешка сообраќајна несреќа во Бодрум, Турција. Неговата девојка, ѕвездата од реалните шоуа Јазмин Оукхелоу (28), е хоспитализирана со тешки повреди, но е вон животна опасност, јавуваат тамошните медиуми. Со автомобилот кој го управувал […]