fbpx

Карлеуша потврди дека се разведува: Децата остануваат кај неа, еве што се договорила за имотот

По 14 години брак, Јелена Карлеуша потврди дека се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ.

Балканската музичка ѕвезда преку „Инстаграм“ ѝ се обрати на јавноста.

„Со Душко спогодбено се договоривме да ставиме крај на нашиот брак по 14 години. За жал, тој повеќе не се гледа како дел од нашето семејство. Техничко-правните работи ќе бидат спогодбено решени во наредниот период“, го започнува пејачката своето обраќање.

НА ИСТАТА ТЕМА: Првиот брак ѝ траеше шест месеци, тој што најмногу го сакаше го убија: Сите мажи на Јелена Карлеуша (ФОТО)

Како што вели, во овој тежок период за нејзиното семејство и за децата, нема да моли за разбирање од медиумите.

„Од јавноста не очекувам човечност, ниту разбирање, само „плукање“ и перење уста со нашиот живот што е нешто на што сум навикната. Па повелете.. Преживеав сѐ, ќе го преживеам и ова. Животот оди понатаму. За да спречам неточни натписи, целиот брачен имот е препишан на нашите деца, а старателството ми припаѓа мене. Каква било напишана лага ќе резултира со тужба како и досега“, им се закани на крај Карлеуша на медиумите.

Дека една од најпопуларните двојки на овие простори има криза во бракот се насети уште на почетокот на годинава кога српските медиуми пишуваа за нивната семејна драма за Божиќ кога Јелена наводно била физички нападната од својот сопруг.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Првиот брак ѝ траеше шест месеци, тој што најмногу го сакаше го убија: Сите мажи на Јелена Карлеуша (ФОТО)

Балканската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша неодамна со официјално соопштение за јавноста потврди дека по 14 години брак се разведува од поранешниот фудбалер, а сега менаџер Душко Тошиќ со кого има две деца-ќерките Ника и Атина. Пејачката откри дека старателството ѝ припаднало нејзе, а дека целиот брачен имот е препишан на […]