fbpx

Првиот брак ѝ траеше шест месеци, тој што најмногу го сакаше го убија: Сите мажи на Јелена Карлеуша (ФОТО)

Балканската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша неодамна со официјално соопштение за јавноста потврди дека по 14 години брак се разведува од поранешниот фудбалер, а сега менаџер Душко Тошиќ со кого има две деца-ќерките Ника и Атина.

Пејачката откри дека старателството ѝ припаднало нејзе, а дека целиот брачен имот е препишан на децата.

Карлеуша е позната по оригиналниот имиџ, острите коментари, но и по бурните врски во минатото.

Позади себе има уште еден пропаднат брак со познатиот бизнисмен Бојан Кариќ кој траеше само шест месеци. Двојката направи гламурозна венчавка во 2004 година.

Пејачката ја негираше наводната афера со фудбалерот Огњен Врањеш, но не и љубовта со еден друг спортист која ѝ се случи на почетокот на кариерата.

Станува збор за извесен Немања, момчето за кого проговори во една прилика кога имаше 19 години.

„Првата љубов ми се случи кога имав 16 години и еве се’ уште трае. Моето момче Немања е спортист и моја голема поддршка во тоа што го работам. Се надевам дека долго ќе бидеме заедно, многу го сакам, планирам да се омажам за него и да му родам пет деца“, раскажа Карлеуша тогаш.

По Немања, Јелена се вљуби во Зоран Давидовиќ, маж со криминално досие кој беше застрелан во својот автомобил во 2000 година. Оние што вистински ја познаваат велат дека него најмногу го сакала.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Оваа жена не старее: Македонската пејачка на 54 години изгледа како девојче

Популарниот македонски поп-рок состав „Ареа“ слави три децении присутност на домашната сцена, а по тој повод бендот го промовираше новиот албум „Љубов е“ на кој има 11 песни од кои само три ѝ се познати на јавноста. Ружица Милошеска – Брчиоска, вокалистката на групата, која во април наполни 54 години […]