fbpx

Пресврт! Нови сознанија за хоророт: Еве зошто Билјана филмски го убила сопругот Иван

Не стивнуваат реакциите за злосторството кое го потресе регионот. Сега се појавија нови сознанија за мотивот на Билјана (38) која филмски му пресудила на сопругот Иван (40). Откако го убила со нож, телото го ставила во буре кое подоцна го наполнила со цемент.

По самоубиството на Билјана, бурето го пронашол Ненад, братот на Иван, откако неговата внука во домот го нашла пасошот на татка си. Ова било и пресудно да се дознае страшната вистина, откако Билјана со години ги лажела најбиските роднини и пријатели дека нејзиниот „сакан“ е на привремена работа во Русија. 

Одговорот на прашањето зошто Билјана Стојановиќ по убиството го соѕидала телото на својот сопруг, најверојатно се крие во старата навика на членовите на ова семејство-тоа што сакаат да го сокријат, тие го соѕидуваат во темелите на куќата или во помошните простории, пишуваат српските медиуми.

Како што дознава „Блиц“ од роднини на настраданите, сега веќе покојната Билјана и претходно ја имала истата навика. Нејзината макеа раскажува дека во два наврата пронашла некое злато, па од страв да не ги ограбат го соѕидала во шталата. Затоа оваа бабичка не е изненадена од монструозниот чин. Таа тврди дека во една прилика дури ѝ подавала цигли воопшто не знаејќи што Билјана ѕида.

Полицијата веќе разговарала и со емотивниот партнер на Билјана и тој во овој момент не е поврзан со случајот. Разговарала и со неговите родители кои потврдиле дека со години го немале видено синот.

Фото: Социјални мрежи

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Наташа почина од операција која е хит и кај нас: Имаше само 41 година, сопругот се обрати со потресни зборови

Сопругот на Наташа е скршен од болка Уште еден живот прерано згасна, овојпат од компликации по оперативен зафат. Наташа Бидулф, 41-годишна Британка, конечно одлучила да направи bariatric surgery-кратење на желудник, но по операцијата ѝ откажале неколку органи, па добила сепса и инфекција на градниот кош, покажаа резултатите од обдукцијата. Лекарите […]