fbpx

Почина д-р Чепреганов: Лани на 86 конечно ја откри тајната за долговечноста

Прегледуваше пациенти речиси до последен здив. Слава му!

На 87-годишна возраст почина македонскиот невропсихијатар-епилептолог, проф. д-р Методи Чепреганов. Тажната вест ја потврдија и од приватната болница во која работеше и по пензионирањето.

„Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов. Директорот, менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата, во која работеше повеќе од 20 години. Вечна му слава!“, стои во објавата.

Д-р Чепреганов лани во интервју за „Женски магазин“ откри дека максимално е посветен на пишувањето и дека планира наскоро да објави три нови книги. Најави и дело кое ќе го посвети на Ковидот и на последиците кои се појавуваат кај пациентите што ја прележале болеста.

Освен по неговата виталност, д-р Чепреганов беше препознатлив и по својот позитивен пристап кон животот.

Тајната за договечноста ја поврзуваше со генетиката како основа на сé.

„Втората тајна е умереност во сѐ. Сѐ што правите треба да биде умерено. Третата е да избегнувате стресови или состојби кои го воспалуваат организмот. Тие прават дисбаланс на хормоните и психосоматски болести. Тоа е најголемиот проблем на цивилизацијата и на македонскиот народ. Македонскиот народ живее во пролонгирана стресогена состојба“, велеше професорот.

Фото: Принтскрин/Телма/Неуромедика

Следни Објави

Трагедија! Шок и неверување по смртта на Марко и Стефан (ФОТО)

Пијан возач налетал на нив. Марко починал на лице место, а Стефан им подлегнал на повредите во болница Во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај Сомбор три часа по полноќ, загинаа 25-годишниот Марко О. и 22-годишниот Стефан Д. Возачот на моторот, Марко, починал на лице место, а неговиот совозач […]