fbpx

Се огласи мајката на Мартин: Ова е вистината за момчето по кое се трага на Халкидики

Веќе четири дена нема трага од Мартин, Македонецот кој се води за исчезнат од саботата попладне кога беше понесен од морските струи на Халкидики.

Потрагата продолжува и денес, а во Грција синоќа пристигна и мајката на момчето. Се’ уште има верба дека Мартин ќе биде пронајден.

„Ја напуштив Америка за да дојдам во Грција за да се обидам да го најдам моето дете. Имам голема вознемиреност и исчекување. Благодарност до сите што ни помагаат. И властите и волонтерите. Волонтерскиот тим е покрај нас од првиот момент и им благодарам за тоа што го прават. Имаме верба“, им изјави таа на грчките медиуми.

Вчера роднина на Мартин имаше потресно сведоштво за „Фокус“ преку кое апелираше да престанат шпекулациите и конечно ја откри вистината за него.

„Мартин е роден 1991 година, значи тој нема 28 години како што се пишува, туку има 30 години. Голема невистина се објавите дека Мартин бил слаб пливач. Апсолутно не е точно! Тој е одличен пливач, во минатото вежбаше и балет, значи има силна мускулатура на нозете и на телото. Тоа ни дава огромна надеж дека се’ ќе биде во ред, дека можеби се наоѓа на некој брег“, раскажа таа.

„Тој живее и работи во Скопје, а пак неговиот брат живее во Америка. Мартин живее заедно со мајка му, татко му почина пред осум години. Во периодот кога се случи исчезнувањето, неговата мајка беше во Америка, во посета на брат му. За прв пат отиде да го посети синот… По настанот, таа тргна кон Грција, патуваше со авион 17 часа до Цирих. Сега секој момент треба да слета во Грција, ќе ја пречека македонскиот конзул и пријатели“, дополни таа за „Фокус“.

Мартин е последниот од тројцата другари кои беа одвлечени во водите. Иван грчките спасувачки служби го извлекоа завчера. Го забележа воен хеликоптер оддалечен 23,5 километри од најблискиот брег. Животот му го спаси полуиздишана топка на која се потпирал цели 18 часа додека бил во морето. Грчките медиуми информираа дека топката ја загубило дете кое си играло на плажите на островот Лимнос кој се наоѓа на речиси 150 километри одалеченост од Посиди по морски пат.

Најлесно помина Васил кој беше спасен од сурфер. Тој за „Сител“ објасни дека условите во морето се смениле многу брзо и воопшто немале простор да реагираат.

Следни Објави

Се огласи и братот на исчезнатиот Мартин: Неговата порака ќе ве расплаче

Оваа објава беше споделена на „Фејсбук“ Горан Јовановски, братот на исчезнатиот Македонец на Халкидики, преку порака на социјалните мрежи упати благодарност до грчките спасувачи и до Генералниот Конзулат во Солун кои изминативе три дена заедно со неговото семејство се во потрага по Мартин. „Мојата мајка и нашето семејство и пријатели […]