fbpx

Нова слика од исчезнатиот Мартин: Неговиот брат со важна порака!

Горан Јовановски, братот на исчезнатиот Македонец на Халкидики, преку нова порака на социјалните мрежи побара поголема покриеност во потрагата.

Тој објави и фотографија за која вели дека е направена на денот на немилиот настан.

„Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата сè уште е во тек, меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух, копно и вода. Доколку некој има каква било информација и е во можност на кој било начин да помогне во потрагата по мојот брат, слободно контактирајте ме. Ве молам, споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика“, напиша тој на „Фејсбук.

Што им порача мајката на Мартин на грчите медиуми, прочитајте ОВДЕ!

Потресното сведоштво на роднина на Мартин прочитајте го ТУКА!

Следни Објави

Помина 20 часа во вода, а сега бара само едно: Потресно обраќање на Иван

Иван, триесетгодишното момче кое држејќи се за топка беше спасено од Егејското Море на Халкидики, денеска беше отпуштено од болницата Папаниколау во Солун. Лекарите изјавија дека е во одлична состојба и дека може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејството. „Сакам да им се заблагодарам на […]