fbpx

Помина 20 часа во вода, а сега бара само едно: Потресно обраќање на Иван

Иван, триесетгодишното момче кое држејќи се за топка беше спасено од Егејското Море на Халкидики, денеска беше отпуштено од болницата Папаниколау во Солун.

Лекарите изјавија дека е во одлична состојба и дека може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејството.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа“, им рече тој на новинарите додека ја напушташе болницата.

Иван предмалку се огласи и на „Фејсбук“ со молба и со потресно обраќање.

„Почитувани, јас, Иван, второпронајдениот од тројцата изчезнати во Грција, во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата. Ве молам споделувајте!“, напиша тој.

Што им порача мајката на Мартин на грчите медиуми, прочитајте ОВДЕ!

Потресното сведоштво на роднина на Мартин прочитајте го ТУКА!

Може да се донира на овие сметки:

За донации од Македонија: 200003989311717 Стопанска Банка АД Скопје

Цел на дознака: Донација за Мартин

Шифра на плаќање: 562

ime: Ivan Gjorgievski

adresa: Ul.Todor ALeksandrov br.4a1000, Skopje

За донации од странство: IBAN: MK07200003989312202

SWIFT CODE: STOBMK2X

Stopanska Banka AD Skopje

Следни Објави

Се ожени синот на Мијалков, невестата бремена во „миниќ“

Се ожени Јордан Мијалков, постариот син на поранешниот шеф на УБК, Сашко Мијалков. Радосната вест со неколку фотографии на социјалните мрежи ја сподели неговата мајка, примабалерината Александра Мијалкова. Забавата била во кругот на најблиските и се’ било совршено организирано, коментираат сведоци на настанот. Новата снаа на Мијалкови, Анастасија, е сестра […]