fbpx

Се борев со сета сила: Умре ѕвездата од шпанските серии, неговите последни зборови ќе ве расплачат

По тешка битка со рак на лимфните жлезди лани почина популарниот 34-годишен актер Антонио Ибањез.

На јавноста ѝ беше познат по сериите La kue se avecin, El Ministerio del Tiempo и Aida. Во родната Шпанија беше еден од најангажираните актери на својата генерација, а заработуваше и како модел и сликар.

На годишниот помен, неговите фанови се присетија на неговото последно исклучително емотивно обраќање до фановите.

„Се борев со сета сила, но не успеав да ја добијам оваа битка. Навистина сакав да живеам и да продолжам да создавам уметност. Дури и вака, ќе можете да ја видите, почувствувате и да ја допрете мојата најчиста енергија на сите мои слики. Таму ќе можете да се изгубите во мојата убава и чиста душа“, пишува во објавата.

Антонио е роден во Гранада во 1987 година. Дипломирал ликовна уметност. Актерска игра почнал да изучува во 2005 година кога станал член и на една танцова група. Во 2011 година се преселил во Мадрид и оттогаш неговата филмска и телевизиска кариера е во нагорна линија. Пред седум години ја доби главната улога во филмот „Параноични девојки“.

Следни Објави

Го обвини за силување, па му зеде 14 милиони: Пеколниот развод на Ивана и Доналд Трамп

Ивана Трамп, првата сопруга на милијардерот и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, почина вчера на 73-годишна возраст. Како што пренесоа медиумите, Ивана била пронајдена во својот стан во Њујорк, а во прашање е природна смрт. Ивана и Доналд Трамп се запознаа во 1976 година, а се венчаа една година […]