fbpx

Го обвини за силување, па му зеде 14 милиони: Пеколниот развод на Ивана и Доналд Трамп

Ивана Трамп, првата сопруга на милијардерот и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, почина вчера на 73-годишна возраст. Како што пренесоа медиумите, Ивана била пронајдена во својот стан во Њујорк, а во прашање е природна смрт.

Ивана и Доналд Трамп се запознаа во 1976 година, а се венчаа една година подоцна. Нивниот брак привлече големо внимание, а уште повеќе нивното драматично разидување.

За турбулентниот однос на славната двојка јавноста првпат дозна во 1989 година кога беа фотографирани како жестоко се расправаат за време на божиќните празници во Аспен. Причината за конфликтот наводно била љубовницата на Трамп, Марла Мејплс, истата онаа со која Доналд подоцна се ожени и со која ја доби ќерката Тифани.

„Чикаго Трибјун“ тогаш напиша дека Трамп ја исфрлил Ивана од нејзината канцеларија во хотелот Плаза, по што следувала правна битка околу легитимитетот на четирите предбрачни договори за кои претходно преговарале.

Следуваше бурен развод, а во една од своите изјави Ивана го обвини Доналд за силување и дека ѝ откинал прамен. Адвокатите на Трамп подоцна објаснија дека таа го употребила зборот „силување“, но дека не сакала нејзините зборови да бидат протолкувани во буквален или кривичен контекст.

Сепак, Ивана успеа сериозно да профитира од мачниот развод во 1991 година и на крај го доби следново: огромна вила во Гринвич со 45 соби, стан во Трамп Плаза, право секоја година по еден месец да одмара на имотот на Трамп Mar-a-Lago, полно старателство над трите деца и алиментација од 650.000 долари годишно, но и дополнителни 14 милиони долари.

И покрај скандалозниот развод, Ивана и Доналд Трамп останаа во пријателски односи, а последните години имаа обичај да се слушнат барем еднаш во неделата. Ивана дури откри дека Доналд често ја прашувал за совети додека бил американски претседател и дека таа била главниот иницијатор да почне да користи „Твитер“.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Светот во шок! Славниот музичар почина пред настап, ова се деталите (ФОТО)

Ненадејно почина Пол Рајдер, басистот и еден од основачите на „Хепи Мандејс“. Славниот музичар од манчестерскиот бенд починал на само неколку часа пред настап. Тажната вест е потврдена и на официјалниот твитер-профил на групата. -Семејството на Рајдер и бендот „Хепи Мандејс“ се во длабока жалост и во шок поради смртта […]