На 28 години во Лос Анџелес почина познатиот стендап-комичар, актер и писател Џек Најт.
Смртта ја потврди неговото семејство, но засега не се соопштуваат деталите и околностите.
Најт неодамна ја создаде и глумеше во серијата Bust down заедно со Крис Ред, Сем Џеј и Лангстон Керман, пренесуваат американските медиуми.
Беше и извршен продуцент на шоуто на Ејџ Би О, „Пауза со Сем Џеј“, а гласот го позајмуваше и во анимираната хит-серија Big Mouth која се прикажуваше на „Нетфликс“. Претходните пет сезони се потпишуваше и како еден од сценаристите.
Фото: Принтскрин Јутјуб
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.