fbpx

Мислела дека маж ѝ ја изневерува: Занемела кога видела каде оди

Најлошото нешто во еден брак е кога ќе се изгуби доверба во партнерот и кога секој негов потег се премерува и постојано се анализира.

Светлана го сподели своето искуство со надеж дека ќе им ги отвори очите и на другите жени нагласувајќи дека мажите не се швалерисуваат секогаш кога ќе помислат на тоа.

Оваа жена раскажува дека наеднаш сопругот Роман почнал постојано да се однесува ладно и отсутно, иако немало причина за тоа. Отсекогаш ѝ бил наклонет, иако имал еден брак пред неа. За жал, од таа заедница има и син кој загинал во сообраќајка кога имал само 17 години.

Роман никогаш не сакал да зборува на таа тема. Се обидувал минатото да остане закопано, во што и успеал долго време да остане така.

Откако се повлекол, Роман почнал да ја одбегнува Светлана во креветот. Паралелно со тоа, почнал да излегува секоја ноќ објаснувајќи ѝ дека му годат вечерните прошетки. Не ѝ ја кажувал вистинската причина, па таа веднаш почнала да се сомнева дека ја изневерува.

Една вечер одлучила да го следи. Сменил два автобуса и заминал на околу 20 километри од семејната куќа. Таа го следела со такси. Ништо не ѝ било јасно. А потоа занемела кога во 22 часот излегол пред еден гроб.

Роман одел кај вечното почивалиште на синот. Разговарал со него. Многу му било тешко. На Светлана ѝ станало уште потешко. Брзо се вратила дома, цел пат плачејќи во таксито. За да биде сигурна во тоа што го видела, дури четири ноќи по ред го следела. Секогаш одел на истото место.

На крај, успеала да допре до него и тој конечно да се отвори. Ѝ признал дека страшно го погодил некој телевизиски прилог за момче кое загинало. Таа приказна му ги отворила старите рани и, како што ѝ објаснил, морал неколкупати да се „види“ со синот. Ѝ рекол дека му било тешко, но и патетично да признае дека западнал во депресија. Светлана му подала рака и во наредниот период му помогнала да се врати на стариот пат.

Подоцна на „Фејсбук“ напишала дека била изневерена, ама не буквално и дека се кае што имала погрешни мисли и заклучоци.

„Не си ти виновна. Штом почнат да се однесуваат поинаку, ние веднаш помислуваме на некоја афера. Виновни се тие што молчат и што не ни се отвораат за да не им биде повредено егото. Правилно си постапила, и јас би го следела“, ѝ напиша една жена под објавата.

Илустрација: Даниела Бонкристијани/Култура РФ/Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нова трагедија! На 28 години почина познатиот актер, светот во шок!

На 28 години во Лос Анџелес почина познатиот стендап-комичар, актер и писател Џек Најт. Смртта ја потврди неговото семејство, но засега не се соопштуваат деталите и околностите. Најт неодамна ја создаде и глумеше во серијата Bust down заедно со Крис Ред, Сем Џеј и Лангстон Керман, пренесуваат американските медиуми. Беше […]