Ѝ ги посвети сите љубовни песни, на крај ја остави
Еден од најголемите кантавтори на овие простори, Момчило Бајагиќ-Бајага, се разведе од сопругата Емилија по 33 години брак, јавуваат српските медиуми.
Популарниот музичар кој неодамна повторно гостуваше кај нас, токму нејзе ѝ ги посвети сите љубовни песни, а во една прилика откри и дел од нивната љубовна приказна. Со сопругата се запознале сосема случајно во автобус.
„Ема живееше во Земун, а ние се сретнавме во автобус. Во автобусот, ја прашав за првпат дали би сакала да излезе со мене во недела, а таа рече дека не излегува во недела. Ми звучеше дека сака да ме одбие, затоа што кој не излегува во недела? Ема сигурно излегува во сабота помислив, од каде знам. Тогаш не поставив дополнителни прашања. Дури по неколку месеци почнавме да излегуваме“, истакна музичарот во интервју за „Новости“.
Двојката има две деца, ќерката Ангела и синот Марко.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО