fbpx

Откриен нов симптом на корона: Проверете веднаш!

Повторно растат бројките со заразени од Ковид-19, па сосема оправдано се зголемува и паниката кај луѓето. Комисијата за заразни болести објави нови препораки за заштита од вирусот, а лекарите се’ почесто алармираат и за некои нови не толку вообичаени индикатори.

Британски научник и професор по генетска епидемиологија предупреди на еден симптом кој се’ почесто се јавува.

Станува збор за воспаление на грлото. Ова бил најчестиот симптом пријавен од 17.500 луѓе кои минатата недела биле позитивни на коронавирус во Велика Британија.

По воспалението на грлото, следните најчесто пријавени симптоми биле главоболка, затнат нос и кашлица.

Интересно е што високата температура или треската, губењето на мирисот или вкусот, кои британската Националната служба за здравство претходно ги наведе како најчести показатели за вирусот, биле поретки кај овие заразени пациенти.

Следни Објави

Петар Грашо стана татко: Ќерката доби име со моќно значење

Хрватската поп-ѕвезда Петар Грашо стана татко. Неговата сопруга Хана Хуљиќ денеска на свет донесе здраво женско чедо, пишуваат регионалните медиуми. Познатата двојка одбра специфично име за ќерката, но со моќно значење. Нивната наследничка ја крстија Алба – едноставно, посебно и кратко, но многу убаво име кое се поврзува со независни […]