fbpx

Естрадата во шок, се самоуби Бојана: Таткото на познатата манекенка со трогателна порака

Како бомба денеска одекна информацијата дека на 28-годишна возраст починала популарната манекенка Бојана Шарац.

Според неофицијални информации, несреќната девојка извршила самоубиство, а луѓе од нејзиното најблиско опкружување велат дека никој не претчувствувал таква трагедија.

Смртта на Бојана ја потврди и нејзиниот татко Младен.

„Си замина мојата ќерка. Бог ми ја зеде!“, напиша тој на социјалните мрежи.

Бојана Шарац беше манекенка, стилистка, колумнистка и актерка. Во модната индустрија беше присутна повеќе од една деценија. Работеше во Турција, Италија и Велика Британија и последниот период живееше на релација Лондон-Нови Сад.

Пошироката јавност ја забележа во спотот на Реља Поповиќ за темата „Марија“.

Бојана често ја критикуваше индустријата од која заработува дека отсекогаш поставувала превисоки и нереални стандарди за манекенките и моделите.

„На почетокот никој не сакаше да ме ангажира поради висината. Си реков: Каква врска има тоа, погледни ме како изгледам! Знам да позирам и ми беше тотално неразбирливо некој да ми ја уништи кариерата само затоа што немам пет сантиметри плус. Потоа конечно најдов агенција која донекаде ми ги исполни тинејџерските соништа“, раскажа таа во едно интервју.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Денеска е СВЕТА НЕДЕЛА: Ова мора да го направите за животот да ви тргне на подобро

Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20 јули. Св. маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот. Додека пак седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос. Заради […]