Ванда Палмер е жената од Западна Вирџинија која по две години во кома конечно се разбудила. Паднала во бесознание во јуни 2020 година, откако била крвнички удирана со мачета или со секира во главата.
Таа сега, две години подоцна, како напаѓач го идентификувала родениот брат, е наведено во извештајот на полицијата.
Рос Меленџер, шерифот на округот Џексон, откри морничави детали од нападот. Тој изјави дека откако полицајците се појавиле на местото на несреќата мислеле дека жената е мртва, пренесуваат американските медиуми.
„Детективите не можеа да го идентификуваат нејзиниот напаѓач и беа шокирани кога минатата недела биле повикани од Одделението за интензивна нега и информирани дека жртвата се разбудила од кома. Имавме неколку претпоставки околу тоа што точно се случило, но немаше сведоци, немаше снимки од надзорни камери, ниту пак телефонски записи. Речиси и да немавме трага која би ни помогнала во истрагата“, изјави тој.
И покрај тешките оштетувања на мозокот, Палмер можела да комуницира со детективите и им рекла дека нејзиниот брат Даниел Палмер е човекој кој ја претепал.
Според неофицијални извори, тој веќе е уапсен и ќе одговара за обид за убиство.
Фото: Фејсбук
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.