fbpx

Моето девојче: Дарио ја омажи ќерката, венчаницата остава без здив (ФОТО)

Легендарниот македонски пејач и автор Дарио Панковски се пофали на „Фејсбук“ дека ја омажил ќерката Андреа.

„Моето девојче“, напиша гордиот татко под фотографиите кои ги објави.

Андреа и нејзиниот избраник Тео се одлучиле за интимна церемонија покрај Охридското езеро.

Сите се воодушевени од фустанот на невестата и имаат само пофални зборови за модниот избор.

„Оваа венчаница остава без здив“, коментираат пријателите.

Дарио ретко го експонира приватниот живот. Во едно интервју откри дека сопругата со која го имаат и синот Бруно ја „ќарил“ во дискотека.

„Во тоа време јас бев ѕвезда во подем, шатиран фраер, ништо не можеше да ме запре. Ме познаваа сите девојки во градот, но јас ја сакав Бојана, затоа што таа немаше поим дека сум музичар и не ме есапеше. Ми беше многу тешко да ја освојам“, раскажа Дарио за Бојана која во осумдесетите дошла од Врање, да студира во Скопје.

Бојана е инаку родена во српскиот град Ниш.

„Клучниот момент се случи во една прилика, кога заедно преминувавме улица. Ја фатив за рака и ѝ реков: Нема веќе пуштање“, откри Дарио за „Женски магазин“.

Фото: Фејсбук/Инстаграм/Miki Manca Photographer

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

 

Следни Објави

Хорор! Познатата актерка пронајдена мртва, синот во шок

Шонка Дукуре, ѕвездата од актуелниот биографски филм за Елвис Присли, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Нешвил. Безживотното тело го пронашол нејзиниот син и веднаш повикал помош, соопшти американската полиција. Истрагата е во тек и засега нема индиции за кривично дело. Актерката која градеше и успешна музичка кариера имаше […]