fbpx

Неочекуван пресврт, откриено е сè: Вака била убиена пејачката Јелена Марјановиќ

Зоран Марјановиќ е прогласен за виновен за убиството на сопругата Јелена Марјановиќ и судот го осуди на 40 години затвор. Пејачката беше брутално убиена во април 2016 година. Полицијата откри дека ѝ биле нанесени смртоносни повреди на главата.

Резултатите од обдукцијата покажаа дека Јелена до последен момент се борела за својот живот. Судот соопшти дека таа го молела сопругот Зоран на колена да не ја убива, но тоа не го спречило да ѝ го нанесе последниот удар.

Овој трагичен случај доби огромно медиумско внимание уште од моментот кога Зоран се јави во полиција на втори април 2016 година и пријави дека неговата сопруга исчезнала за време на попладневно џогирање.

Потоа раскажа дека тој и неговата ќерка полека ја следеле Јелена на насипот покрај Дунав во Борча додека таа трчала пред нив. Со оглед на тоа дека патеката е долга неколку километри, објасни дека Јелена се оддалечила од нив и брзо исчезнала.

Поради фактот што исчезнувањето го пријавил еден час откако наводно ја изгубил сопругата, Марјановиќ беше осомничен и задржан во притвор, но по 48 часа ослободен.

Пејачката беше пронајдена со рани на главата кои ги запрепасти патолозите. Убиецот со остар предмет деветпати ја удрил Јелена по главата, ѝ го здробил черепот и ја фрлил во каналот каде што починала.

Истрагата се претвори во вистинско реално шоу. Зоран Марјановиќ практично стана ѕвезда, а во 2017 година прифати да учествува во шоуто „Задруга“. По само неколку дена полицијата го уапси.

Набрзо повторно беше пуштен да се брани од слобода, се’ до пред неколку дена кога стигна пресудата.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Вака прерано? Македонија тагува, пријателите се простуваат од Александар

Неверување и шок по смртта на овој исклучителен борец за македонската кауза Со трогателни пораки на социјалните мрежи, роднините и пријателите се простуваат од познатиот Александар Снага. „Брат, не ми се верува дека си заминал вака прерано? Ни поздрав ни ништо. Па нели ми пиша за протестите и ме покани […]