fbpx

Посветена здравствена работничка: Која е жената од фотографијата со Никола Груевски?

Пред неколку дена нејзина фотографија со поранешниот македонски премиер во бегство, Никола Груевски, стана вирална, а сега за „Фокус“ одлучи првпат да проговори во медиумите и да објасни која е вистинската приказна за нив двајца и како воопшто сликата настанала.

Станува збор за сериозна жена, семејна личност, мајка и посветена здравствена работничка. Како што раскажува, целата ситуација е класична злоупотреба на приватна фотографија, а против лицето кое без нејзино знаење и дозвола ја објавило со цел да ѝ напакости, најавува и правна разрешница.

„Во Будимпешта престојував неколку пати изминатиов период, поради здравствени причини. Не е тајна дека поранешниот премиер Никола Груевски живее таму, па по секое враќање мои пријатели на шега ме прашуваа случајно дали сум го сретнала. При последната посета во градот, навистина го сретнав на улица, го поздравив, му се претставив. Кратко поразговаравме, тој се интересираше за причината поради која сум во Будимпешта, стануваше збор за краток и културен разговор, а потоа, спонтано го прашав дали може да се фотографираме. Се согласи, и така беше направена фотографијата која еве денес, ни донесе низа на непријатни искуства мене и на моето семејство“, раскажува таа за „Фокус“.

Фотографијата ја објавила на „Стори“, као што вели, како еден вид забава за нејзини блиски пријатели дека ете конечно го сретнала и Груевски во Будимпешта. Но, тогаш наводно почнала тортурата од лице кое ја видело фотографијата, ја контактирало и започнало да ѝ праќа пораки со недолична содржина, по што таа го блокирала.

СЛИЧНИ ТЕМИ:

Груевски пред развод: Кои се двете жени кои ги однесе пред олтар?

Ова момче му го промени животот на Никола Груевски: Знаете ли кој е на фотографијата?

Следни Објави

Дете (2) оставено на улица босо и без јакна: Кај себе имало само една потресна порака!

Полицијата во Мисисипи повторно го отвори случајот со двегодишното дете кое во декември 2020 година беше оставено на улица. Момчето беше пронајдено со пластична кеса со облека во рацете и со една порака. Детето, премало за да го изговори своето име, беше оставено пред донаторскиот центар „Гудвил“ со порака во […]