fbpx

Вака прерано? Македонија тагува, пријателите се простуваат од Александар

Неверување и шок по смртта на овој исклучителен борец за македонската кауза

Со трогателни пораки на социјалните мрежи, роднините и пријателите се простуваат од познатиот Александар Снага.

„Брат, не ми се верува дека си заминал вака прерано? Ни поздрав ни ништо. Па нели ми пиша за протестите и ме покани кај тебе на гости за да ја запознаам Војвотката која ти е дома и која ти рекла да одиш на протести за Македонија, и да немаш гајле, таа иако болна може сама да се чува?Брат премлад и прерано. Ќе ми фалиш. Брате, ќе продолжиме да војуваме, јас од доле ти од горе, па еден ден пак заедно од тамо горе. Се’ за мајка Македонија. Почивај во мир комито, имај светол пат. Боли вака брат.. Прерано“, пишува во една од емотивните посвети.

Оние што го познаваа Александар велат дека бил добар човек и одличен пријател.

„Сигурен сум дека Бог ќе ти даде убаво место во рајот, аманетот од тебе останува, борбата за Македонија продолжува, сега јас одоздола, а ти одозгора ќе се бориш бато мој.. Еден ден знам дека пак ќе се сретнеме“, пишува близок другар на Александар.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Посветена здравствена работничка: Која е жената од фотографијата со Никола Груевски?

Пред неколку дена нејзина фотографија со поранешниот македонски премиер во бегство, Никола Груевски, стана вирална, а сега за „Фокус“ одлучи првпат да проговори во медиумите и да објасни која е вистинската приказна за нив двајца и како воопшто сликата настанала. Станува збор за сериозна жена, семејна личност, мајка и посветена […]