fbpx

Солзи и неверување: Македонија тагува, почина Зоран

Почина проф. д-р Зоран Нарашанов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на компанијата „Винер-Виена Иншуренс груп“.

Тажната вест на „Фејсбук“ ја споделија неговите колеги.

„На ден 25.07.2022 ВИНЕР-Виена Иншуренс Груп АД Скопје го загуби човекот кој со 15 години неуморно водење и беспрекорно лидерство го постави патот на успехот и ја направи компанијата она што е. Проф. д-р Зоран Нарашанов, непресушниот извор на ведрина и поддршка во секакви моменти, големиот интелект, спремен за нови предизвици, идеи и искуство, несебично инспирирајќи не’ и пренесувајќи ги на нас, беше непроценлив подарок во нашите професионални животи. Во ВИНЕР нема да биде исто без него“, е наведено во објавата.

Нарашанов беше доктор по економски науки кој магистрирал во областа на индустриско инжинерство и менаџмент. Беше дел и од менаџерскиот тим на „Кјуби Македонија“, но и главен директор за човечки ресурси и право во АД „Македонски Телеком“ како и генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Сигма“ АД-Скопје.

Следни Објави

И покрај сè не го обвинувам: Баба Радмила ги шокира сите

Баба Радмила живее сама во село одалечено триесетина километри од Лесковац. Освен поштарот, повеќе никој друг не ја посетува, иако овде е родена и живее цели 89 години. Сите ја напуштиле или починале, а нејзината последна желба е да го прегрне синот. Веќе 15 години гледа низ прозорецот надевајќи се […]