fbpx

И покрај сè не го обвинувам: Баба Радмила ги шокира сите

Баба Радмила живее сама во село одалечено триесетина километри од Лесковац. Освен поштарот, повеќе никој друг не ја посетува, иако овде е родена и живее цели 89 години.

Сите ја напуштиле или починале, а нејзината последна желба е да го прегрне синот. Веќе 15 години гледа низ прозорецот надевајќи се дека еден ден ќе го види како се појавува од ридот.

Најважниот настан во нејзиниот живот е доаѓањето на поштарот кој еднаш месечно ѝ ја носи пензијата и на кој со радост му вари кафе. Барем половина час со некого разговара, а тоа не се животните.

Во меѓувреме често гледа во старите избледени фотографии. Сопругот ѝ умрел пред две години, а една деценија претходно починала ќерка ѝ и внуката. Синот кој се надева дека ќе го види, заминал во Русија, но признава дека не знае ниту како е, ниту кога ќе дојде.

– Само тој ми остана. Го немам видено 15 години. Не го обвинувам, само нека е жив и здрав, но би сакала да го прегрнам барем еднаш пред да умрам. Ни самата не знам зошто се’ уште не ме зема црната земја, ова не е живот. Сепак, жив во гроб не се влегува – раскажува оваа бабичка.

Се присетува како порано се собирале во јануари кога ја празнувале куќната слава Свети Јован. Но, среќните времиња сега се закопани далеку во минатото. Со солзи во очите раскажува како нема ништо полошо од тоа родителите да си го надживеат сопственото дете.

Баба Радмила повеќе не стравува од ништо. Не се плаши ниту од волците кои често ѝ доаѓаат во дворот. Досега ѝ изеле неколку кокошки и една коза, но не жали поради тоа.

– Животот не ме милуваше, но секој човек има некаква судбина. Зошто јас да бидам исклучок – завршува оваа мудра старица.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тага! Македонската естрада завиена во црно: Нека ти е светол патот!

Нова трагедија ја потресе домашната музичка сцена. По кратко боледување, денеска почина македонскиот музичар и текстописец Цветан Настоски. Колегите од домашната естрада со неверување ја прифатија информацијата за неговата смрт. „Беше еден од најдобрите. Не сакаше да се експонира во јавноста, но е заслужен за кариерите на многу наши изведувачи“, […]