fbpx

Почина познатата актерка: Предмет со неочекувана порака во нејзината рака

Пред точно една година почина порно-актерката Кристина Лисина (29), во индустријата за возрасни позната под уметничкото име Крис д Фокс.

Полицијата ја истражуваше нејзината смрт, откако падна од 22-от кат од една зграда во Санкт Петербург.

Нејзиното тело беше пронајдено во близина на градскиот кварт во округот Невски. Она што дополнително ја заинтригира јавноста е фактот што во нејзината рака беше пронајдена банкнота на која била испишана пораката „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“.

На снимките од безбедносните камери се гледа како Кристина влегува во зградата додека јаде чипс, како и страшната слика од нејзиното безживотно тело неколку моменти потоа.

Полицијата не успеала веднаш да го утврди нејзиниот идентитет, бидејќи со себе немала никако документ за идентификација, освен банкарска картичка.

Според бројот на прегледи, Лисина уживала огромна популарност на „Порнхаб“. Неодамна, на блики пријатели им се пожалила дека се чувствува осамено.

„Сакаше да основа семејство и да се почувствува сакана“, изјавил анонимен извор за британски „Сан“.

Во едно интервју призна дека завршила во порно-индустријата откако не успеала да се снајде работејќи во банка.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не се кријат повеќе: Ѕвездите од „Островска бајка“ се во врска и зад камерите (ФОТО)

Двојка во фокусот Турскиот актер и модел Алп Навруз (32) и неговата колешка, 29-годишната атрактивна актерка и моделка Ајча Ајшин, повеќе не ја кријат љубовта. Ѕвездите од хит-серијата „Островска бајка“ која се емитува на телевизија Сител се во врска и во приватниот живот. Оваа вест ги израдува фановите кои коментираат […]