fbpx

Неочекуван пресврт по самоубиството на Кристина: Една работа ги збуни сите

Од минатата недела, смртта на познатата инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ која беше пронајдена мртва во својот стан и официјално се води како самоубиство.

Кристина беше успешна инфлуенсерка, а само на „Инстаграм“ ја следеа повеќе од 350.000 луѓе. Последните години отворено се бореше со осудувања и критики. Пошироката јавност ја препознаваше и по жестокиот конфликт со Бака Прасе.

Токму популарниот јутјубер на социјалните мрежи објави фотографија со мајката на Кристина, па со оваа објава ги збуни сите. Наташа пред само неколку дена изјави дека нејзината ќерка кратко време била навлечена на лекарства, конкретно на бенседин кој ѝ бил препишан по „епизодата со Бака Прасе“.

Богдан Илиќ како што му е вистинското име на Бака Прасе, по самоубиството на Кика беше на мета на јавноста и неретко посочуван како еден од главните виновници за трагедијата.

Сега тој им покажа на фановите дека, сепак, е во добри односи со семејството на Кристина.

„Наташа, со тебе сме!“, порача кратко во описот на „сторито“.

Вишото јавно обвинителство во Белград минатата недела соопшти дека по деталните проверки е утврдено дека нема простор за поднесување на кривична постапка против било кого во врска со околностите под кои настапила смртта на Ѓукиќ.

Обвинителството, меѓу другото, го земало в предвид записникот од обдукцијата во кој како причина за смртта е наведено комбинирано труење со екстази и бромазепам. В предвид се земени и прошталните пораки, но и фактот што Кика и претходно во два наврати се обидела да си го одземе животот.

Нејзината мајка не ги прифаќа ваквите сознанија и тврди дека нејзиното чедо е убиено.

„Таа беше последното дете кое би се убило, па уште и на мојот роденден. Тврдам дека Кика е убиена“, порача Наташа скршена од болка.

Фото: Социјални мрежи

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Жестока сцена! Се качија на кров, па се се*саа како на порно: Сите можеа да ги видат (ВИДЕО)

Необичен инцидент се случи во Бирмингем, сведоците во транс Една двојка среде бел ден на покривот од една зграда одлучи да води љубов како да се сами на овој свет, на шега коментираат британските медиуми. Експлицитното видео на „Твитер“ стана вирално, а според првичните информации инцидентот се случил во Бирмингем. […]