fbpx

Вака ли се заминува!? Македонската пејачка скршена од болка

Тажна вест

Вера Милошевска-Јосифовска, вокалистката на популарниот македонски состав „Љубојна“, со потресен статус на социјалните мрежи се прости од својот татко.

„Татичко мој бе, татко, Страле мој.. Вака ли се заминува!? Срцето ми го скрши, ми се слизна низ прсти.. Викаше, ми се оди негде да излумпуваме, да се изнапееме.. Требаше ОДМА, во првата кафана ќеиф да си напрајме!!! Татко мој единствен и специјален, будалче едно.. Сите денес спомнете го татко ми. Испијте по една од мене, пуштете ја „Кирајџиче, јабанџиче“, благо да му е на душата. За сите што го познававте, утре ќе го испратиме во капела од 11-12ч., а од 12ч. ќе биде закопот.. Мојот убав мил татичко“, напиша таа на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Последни моменти пред трагедијата: Светот тагува по бразилската поп-ѕвезда

Фановите не можат да се помират со смртта на бразилската поп-ѕвезда Мариља Мендонса (26) која лани во ноември загина во авионска несреќа. Една од најпопуларните пејачки во Јужна Америка го загуби животот кога малиот приватен авион со кој патуваше се урна во југоисточната држава Минас Жераис. Во леталото беа и […]