fbpx

Шок! Ѕвездата од српските реални шоуа во кома, лекарите се борат за нејзиниот живот

Лекарите се борат за животот на Миљана Кулиќ, 28-годишната ѕвезда од српските реални шоуа која од вчера е во вештачка кома.

Нејзината здравствена состојба се искомплицирала откако пред 12 дена во Турција направила операција за стеснување на желудникот, информираат српските медиуми.

Родителите на Миљана низ солзи раскажуваат дека нивната ќерка е на интензивна нега во Ургентниот центар во Ниш и дека лекарите морале да ѝ ја остранат слезината.

„За се’ се виновни лекарите во Турција, тие ѝ ја оштетија слезината за време на оперативниот зафат. Миљана завчера доби сериозни болки и беше итно хоспитализирана. Лекарите ни рекоа дека ѝ пукнала слезината. Веднаш беше оперирана. Изгубила два и пол литри крв, операцијата траеше со часови“, откриваат тие.

Тие раскажуваат дека дошло до згрутчување на крвта.

„Лекарите ѝ даваат „фраксипарин“ за да ги разбијат тромбовите кои можат да бидат опасни по живот. По операцијата е ставена во вештачка кома од која се разбуди во неделата наутро. Сега е приклучена на апарати, под седативи е и се’ уште не е свесна“, објаснуваат тие.

Миљана пред неколку дена изјави дека е подготвена да влезе во „Задруга 6“ видно ослабена со 75 килограми. Таа во средата требало да гостува на Пинк, но пред почетокот на емисијата ѝ се слошило, па го откажала учеството. Од истите причини не присуствувала ниту на роденденот на синот Жељко.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Маркантна и достоинствена: Прерано почина, Македонија тагува

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Тажната вест ја потврдија и од владејачката партија чија поранешна пратеничка беше таа. „Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи. Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше […]