Неверството боли. Многу врски и бракови завршуваат неславно откако некој од партнерите „ќе фати кривина“.
Најнезгодно е кога ќе ве фатат на дело, па во тие моменти криењето во регалот или жонглирањето на тераса се „активности“ кои добиваат смисол.
Едно „документирано“ неверство во Бразил стана хит на социјалните мрежи, откако мажот ја фати сопругата во акција и тоа со својот најдобар другар.
Голиот швалер очајно се обидува да побегне од бесниот сопруг кој, пак, се досети се’ да снима со мобилниот и без размислување видеото да го прикачи на „Твитер“.