fbpx

Збогум учителе: Македонија тагува, почина најдобриот

На 60-годишна возраст денеска во Скопје почина д-р Тодор Ношпал.

Си замина познатиот ортопедски хирург кој на последните локални избори лани беше кандидат на за градоначалник на Скопје од Интегра.

Со трогателна посвета од Ношпал се прости неговиот колега Александар Каревски.

„Ме научи многу за ортопедијата, но и животот.. Човек за кого My Way од Синатра беше начин на живот.. Ти благодарам за се’ и збогум учителе, збогум пријателе, збогум Тоде. Вечна ти слава“, напиша тој на „Фејсбук“.

Д-р Тодор Ношпал дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје. Кариерата ја почна на Клиниката за ортопедски болести во Скопје каде до 2012 извршуваше и раководни функции. Во 2012 доби отказ од Клиниката, наводно бидејќи издавал службени тајни и ја повредил работната дисциплина, со тоа што во јавноста открил дека тешко болна пациентка не добива ортопедско помагало поради бирократски процедури. Една година подоцна, Апелационот суд пресуди дека бил незаконски отпуштен од работа, пишува „СДК“.

Откако замина од Клиниката, работеше во неколку големи приватни клиники во земјава, а во 2020 отвори сопствена приватна пракса.

Следни Објави

Се појави нов симптом на корона: Д-р Стојановиќ предупредува на болка во овој дел на телото

На ваков проблем досега никој се немаше поплакано Во своето последно телевизиско интервју, д-р Александар Стојановиќ предупреди на нив симптом на Ковид-19. Тој нагласи дека сè поголем е бројот на пациенти позитивни на корона кои се жалат на болки во грбот. „Еден од симптомите е болка во ‘рбетот. Речиси секој […]