fbpx

Почивај во мир, прекрасен човеку: Колегите неутешни по смртта на легендарниот македонски актер

Денеска не’ напушти доајенот на македонското глумиште, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски.

„Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот почитуван колега“, напишаа колегите од Битолскиот Народен Театар.

На социјалните мрежи се огласи и актерот Петар Горко.

„Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот“, напиша тој на „Фејсбук“.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973-1974) и во Народниот театар во Куманово (1980-1995).

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

И Тони Михајловски се прости од Митко: Една работа ги шокира сите

На 67-годишна возраст денеска не’ напушти легендарниот македонски актер Митко С. Апостоловски. Македонската јавност со неверување ја прими веста за неговата смрт. Неговите колеги велат дека си замина еден од најдобрите, актерот со единствен глас и стас. На социјалните мрежи предмалку се огласи и Тони Михајловски кој откри една работа […]