fbpx

Даниела е жената која утрово загина во Дојран, една работа ги шокира сите

Познат е идентитетот на жената која утрово загина во пожар во куќа во стар Дојран.

Станува збор за Даниела Николова, родена 1979 година. Дојранчани се простуваат со неа на социјалните мрежи. Велат дека сите си ја познавале како ДАДА. „Беше вредна, насмеана, отворена. Почивај во мир Даниела!“, пишуваат тие.

На фејсбук-страницата на „Гевгелија Нет“ предмалку беше споделена и една вознемирувачка порака.

„Остануваат немирите на оние кои ги слушале твоите крикови утринава кога избил пожарот, а одбрале без никаква интервенција да останат само сведоци на трагичниот настан на ул. “Маршал Тито” во центарот на Стар Дојран“, пишува во објавата.

СЛИЧНИ ТЕМИ:

Му почина синот единец: Македонскиот градоначалник скршен од болка

Тага! Почина познатата актерка на 59 години, ја загуби битката со ракот

Според официјалното соопштение на МВР, на 06.08.2022 во 07.20 часот во СВР струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата Маршал Тито во Стар Дојран. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Знае да ѝ парира и со стајлингот: Дебарлиева го покажа сопругот (ФОТО)

Една од нашите најпознати презентерки, омилената Билјана Дебарлиева, неодамна уживаше со сопругот во убавините на Охрид. Јован со кого е 27 години во брак не сака премногу да го експонира, па со една фотографија која ја објави на „Инстаграм“ пријатно ги изненади фановите. Очигледно е дека белата боја и двајцата […]