fbpx

Не ги трошете парите за тестови: Д-р Пановски до болните од корона

Многу од младите не ни знаат дека биле заразени, вели тој

Нема потреба граѓаните сами да се тестираат и да прават трошоци, туку да се изолираат неколку дена. Нема никаков ефект, освен финансиска загуба од тестирање, иако е точно дека некои бараат изолација за да добијат боледување. Кога би бирал меѓу ковид и ангина, сега би одбрал ковид. Така да мислам дека тестирањето не значи ништо, вели проф. д-р Никола Пановски.

Во изјава за телевизија „Сител“, докажаниот микробиолог вели дека во моментов бројот на заболени е десет пати поголем од официјалната статистика, а многу од младите не ни знаат дека биле заразени.

Д-р Пановски смета дека граѓаните се веќе свесни за сопствената заштита и дека не треба да се враќаат дел од задолжителните мерки.

„Гледам дека некои луѓе носат маски, што не беше случај пред три недели“, вели тој.

Следни Објави

Животен пресврт до 15 август за овие хороскопски знаци

Шкорпија Ги очекува голема промена и на професионален и на личен план. Некои од нив конечно ќе ја променат адресата на живеење. Оние кои одамна си посакуваат, конечно ќе основаат семејство. Може да очекуваат и неколку неочекувани, но крајно возбудливи патувања. Рак Убави работи ќе им се случи во првата […]