fbpx

Нè напушти: Македонија тагува, почивај во мир!

Тажна вест

Почина познатиот македонски новинар Јанко Николовски, добитник на две државни награди „Мито Хаџивасилев-Јасмин”-за новинарство во 1975 и за публицистика во 2005 година.

Беше член на неколку експертски групи на Советот на Европа во Стразбур, за прашања за слобода на медиумите. Во 2006 година беше избран за прв претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, каде остана до своето пензионирање.

По пензионирањето остана активен во областа на публицистиката, со издавање публикации и статии на тема слобода на медиуми во повеќе списанија и портали во регионот.

Роден е во 1946 година во Скопје, каде завршил правен факултет. Кариерата ја почнал во 1970 година во тогашната Телевизија Скопје, прво како новинар, а потоа и уредник на актуелно политички емисии.

Следни Објави

Прогноза на Славчо Поповски: Подгответе се за поројни дождови, ова се деталите

Временска прогноза за новата работна седмица Во следните денови ќе има услови за изолирана појава на попладневна нетабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, прогнозира метеорологот Славчо Поповски. Поповски нагласува дека и понатаму продолжува периодот на многу топло време, со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од […]