fbpx

Видела акна на очниот капак, па ѝ излегло нешто страшно: Многу ја болело, следувал шок (ФОТО)

Во даден момент комплетно ѝ се затворило окото

Една Британка одлучи да го проговори за страшното искуство кое го доживеала со една навидум обична акна. Луиз Едвардс (34) од Ливерпул раскажува дека се почувствувала како да е во научнофантастичен филм со вонземјани додека „паразит со нозе“ излегувал од нејзиното око, пишува „Ливерпул Ехо“.

Кога се разбудила на 22 јули забележала нешто што личело на акна на своето десно око. На почетокот не обрнувала премногу внимание, но следниот ден „точката“ почнала драстично да се зголемува, па во даден момент комплетно ѝ се затворило окото. Веднаш се обратила во државната очна болница.

„Бев сама во својот дом, немав никаде отидено претходните денови. Еден месец порано се вратив од Турција, а една недела претходно кампував, но ништо ми се немаше појавено. Спијам со отворен прозор, па можеби нешто ми влегло внатре, немам друго објаснување“, објаснува таа.

Лекарите имале неуспешен обид да ѝ го истиснат откот, ѝ дале антибиотици и ја пратиле дома.

„Следниот ден окото веќе ми беше целосно затворено. Инаку имам многу лош вид и окото со „акна“ всушност е моето добро око. Бев принудена веднаш да се вратам во болница. Тогаш и ја почувствува најголемата болка во мојот живот. Наеднаш почнав да не ги чувствувам забите, главата и очите. Антибиотиците не помагаа, па очајна одлучив да применам еден бабински совет. Со млака вода да го протријам местото за полесно да излезе гнојот. И успеа. Тоа што излезе ќе го паметам дур сум жива. Вистинско чудовиште. Татко ми го нарече „паразит со нозе“. Го сликав и побрзав фотографиите да им ги покажам на лекарите“, раскажува Луиз.

Една од сликите можете да погледнете ОВДЕ!

Таа моментално чека контрола кај својот матичен лекар, со надеж дека ќе дознае што всушност ѝ излегло од очниот капак.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ламбе го пали бугарскиот културен центар: Се спасил во последен миг (ВИДЕО)

Порталот 4NEWS.mk на својата официјална фејсбук-страна објави снимка од безбедносна камера за која тврди дека е од палењето на бугарскиот културен центар во Битола. На снимката наводно се гледа како Ламбе Алабаковски доаѓа со велосипед, го остава на страна, оди и го пали центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Популарниот пејач […]