fbpx

Шок по смртта на Оливија Њутн Џон: Тоа што го побара сопругот ќе ве расплаче

Легендарната актерка Оливија Њутн Џон почина на 73-годишна возраст во својот дом во јужна Калифорнија.

Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг кој од неа се прости со потресни зборови. Тој соопшти дека починала мирно, во присуство на семејството и на пријателите.

„Ве замолуваме да ја почитувате приватноста на семејството во овој исклучително тежок момент. Оливија беше симбол на триумф и надеж повеќе од 30 години, за време на целото нејзино патешествие со ракот на дојка. Таа беше инспирација, а нејзиното пионерско искуство со хербалната медицина и понатаму останува приоритет на фондацијата што таа ја основа, посветувајќи се на истражувањата на фитотерапијата и канцерот. Наместо цвеќе, семејството бара било каква донација. Оливија ги остави позади себе нејзиниот сопруг Џон Истерлинг, ќерката Клои, сестрата Сара, братот Тоби и внуците Тоти, Фиона и Брет“, напиша нејзиниот животен партнер.

Холивудската ѕвезда се бореше со ракот на дојка кој првпат ѝ беше дијагностициран уште во 1992 година. Во 2019 година ѝ соопшти на јавноста дека болеста ѝ се вратила во четврт стадиум.

Оливија беше пејачка, текстописец, актерка, претприемачка и активистка. Во кариерата освои четири Греми-награди и имаше пет број еден хитови. Најпозната е по улогата во култниот мјузикл „Брилијантин“. Беше голем борец за заштита на животната средина и за правата на животните.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Скандалозен концепт за второ одделение: Знаете ли што ќе ви учат децата за својот идентитет?

Со измените во предметот Општество за второ одделение, учениците ќе учат како да ги препознаваат различните компоненти на родовиот, етнички и национален идентитет, како да се справуваат и да ги препознаваат емоциите. Овој нов концепт веќе на големо се толкува како скандалозен. Многу од родителите, па дури и социолозите се […]