fbpx

Скандалозен концепт за второ одделение: Знаете ли што ќе ви учат децата за својот идентитет?

Со измените во предметот Општество за второ одделение, учениците ќе учат како да ги препознаваат различните компоненти на родовиот, етнички и национален идентитет, како да се справуваат и да ги препознаваат емоциите.

Овој нов концепт веќе на големо се толкува како скандалозен. Многу од родителите, па дури и социолозите се прашуваат дали новите наставни програми за второ одделение се соодветно прилагодени за возраста на учениците?

Социологот Илија Ацески за „Канал 5“ појаснува дека поимите „идентитет“ и „национална припадност“ така како што сега се наведени за изучување во програмите тешко би ги разбрале деца од 7-годишна возраст. Додава дека генерално програмата е премногу широка и сеопфатна, а многу содржини од наставата за второодделенците се повторува и кај петтоодделенците, за што, како што вели, се потребни итни измени.

Револтирани граѓани своето незадоволство масовно го изразуваат и на социјалните мрежи.

„Поради имплементација на контраверзната „концепција за основно образование“ на Царовска, децата од 2-ро и 5-то одделение ќе останат без учебници најрано до Октомври, а веројатно и до нова година. Зошто? За да немате „црно на бело“ увид што им предаваат наставниците на вашите деца за нивниот сопствен идентитет (родов, етнички, национален итн). Наставната програма е тука, одамна преведена од соросоидните лгбт-организации. Наставниците ќе имаат скрипти и насоки и ќе предаваат според нив, но вие родители нема да имате увид, затоа што сето ова наменски и со умисла се прави зад ваш грб“, коментира еден од членовите на популарната група на „Фејсбук“ наречена „Учебници и настава мора да има“.

Тој потсетува дека пред две години повеќе организации ја барале наставната програма по сеопфатно сексуално образование, а тогашната министерка за образобвание Царовска упорно не ја давала со изговор дека сè уште нема учебник и покрај тоа што наставата веќе си терала во четири основни училишта.

Ј.П.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Претепаната пејачка ги вознемири сите: Прва изјава на Марина по инцидентот

Јавноста во целиот регион се вознемири по информацијата дека на четврти август во Врњачка Бања брутално била претепана познатата пејачка Марина Радосављевиќ. По кукавичкиот напад, ѕвездата на „Гранд“ беше итно хоспитализирана, а нејзиниот поранешен љубовник кој наводно ја претепал ѝ се предаде на српската полиција. Марина денеска е пуштена на […]