fbpx

Семејна трагедија на три дена пред свадба: Марија скршена од болка (ФОТО)

Младата македонска пејачка која се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ сподели тажна вест

На само три дена пред свадба, Марија Груевска доживеа семејна трагедија. Таа со потресни зборови на „Инстаграм“ се прости од својата баба со која очигледно била приврзана.

„Ќе ми недостигаш премногу. Животот е некогаш премногу суров и не знаеш дали да се радуваш зошто за три дена правиш свадба, или да плачеш поради загубата на најблиска личност. Почивај во мир бабичке најсакана, секогаш ќе живееш во мене и во моето срце“, напиша Груевска.

Талентираната битолчанка пред неколку месеци се вери со долгогодишниот партнер Синиша. Неодамна откри дека свадбата ќе биде на отворено, кај еден манастир во близина на Битола.

„Синиша и јас очекуваме околу 600 гости, а прославата ќе трае три дена. Ги повикав сите оние со кои се натпреварував и уште десетина од страна кои се мои големи пријатели, а кои исто така беа во „Ѕвездите на Гранд“. Се надевам дека и тие ќе се фатат за микрофонот, покрај главниот бенд кој ќе биде задолжен за веселбата, а тоа е „Молика јуниор“, раскажа таа за „Гранд онлајн“.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Астролозите пресекоа: Овие три хороскопски знаци се најсреќни

Дали знаевте дека поголемиот дел од вашата среќа зависи од хороскопски знак? Веројатно сте забележале дека некои луѓе едноставно имаат повеќе среќа од другите. Тоа дефинитивно не е случајно, а сега астролозите конечно пресекоа кои луѓе имаат најмногу к’смет. ШКОРПИЈА Вие сте од оние луѓе кои секогаш наоѓаат случајни работи […]