fbpx

Важно! Ако скенирате сметки, ова мора да го направите

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека напредниот начин на скенирање од апликацијата МојДДВ е достапен и на Google playstore.

Корисниците на апликацијата треба најпрвин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на Playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“.

Управата за јавни приходи исто така информира и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил.

Пред неколку дена УЈП извести дека прилагодената верзија на Мој ДДВ е достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery.

Следни Објави

Тажен ден во Македонија: Секогаш зборуваше полека и со смирен глас, слава му!

Почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент кој беше еден од основачите на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976 година. Во 2010 година, Никодиновски беше прогласен за почесен претседател на МОТ. Никодиновски беше и еден од основачите и прв генерален секретар на Македонскиот центар на ИТИ-УНЕСКО. Автор е на […]