fbpx

Вистината за „Васко жабата“: Ова никој не го очекуваше

Без разлика дали сте на работното место, дома или сте скокнале до најблиската продавница, веројатно од секаде ви одѕвонува рефренот „На китарата Васко жабата“..

Песната на бугарскиот бенд „Камчија оркестар“ стана вирална не само во Македонија, туку во целиот регион, па ова ремек-дело старо осум години повторно е хит.

За српски „Курир“ сега се огласи и авторот на нумерата, клавијатуристот Борис Иванов.

„До неодамна не бев свесен дека моето дело ги пробило границите. Планираме наскоро да ја снимиме песната со нов аранжман“, открива тој.

Ако по некоја случајност сте од оние малкумина кои се’ уште не ја слушнале оваа заразна композиција, тоа може да го направите сега. Но, размислете добро дали сте подготвени за ваков луксуз, затоа што веќе утре ќе си ја потпевнувате под туш.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Голема трагедија: Шок по смртта на 19-годишната Хана

Голема трагедија ја потресе регионалната, но и меѓународната спортска јавност откако норвешките медиуми јавија за загинувањето на 19-годишната словенечка скијачка Хана Јамник. Тажната вест ја потврди и Скијачката федерација на Словенија. Оттаму велат дека младата репрезентативка настрадала на подготовките за новата сезона, но детали за смртта не соопштија. Норвешките медиуми […]