fbpx

Нека ти е светол патот: Македонија тагува, почина Манев

Тажна вест

Утринава почина велешанецот Боре Манев, познат младински активист и наградуван бригадир-акцијаш на Младинската работна бригада „Кочо Рацин“, како и прв Командант на Младинската бригада „Тито-титови градови“ во поранешна Југославија.

Манев е добитник на голем број ударнички значки со кои се одликуваше доброволниот младински труд на Сојузните работни акции во тогашната држава Југославија. Ударничките значки, благодарниците и признанијата ги доби додека учествуваше во градењето на автопатот „Братство-Единство“.

Манев и на 81 година беше дел од акцијашката ветеранска бригада „Кочо Рацин“ која во изминатите три години интензивно го пошумуваше брегот на езеро „Младост“, го чистеше од отпад и смет родниот Велес, како и соседната општина Чашка, информира порталот „Дума“.  

Тој извршуваше и повеќе општествено политички функции во Титов Велес.

Следни Објави

Последни моменти пред трагедијата: Светот тагува по холивудската ѕвезда

Почина холивудската актерка Ен Хеч (53) која настрада во тешка сообраќајна несреќа откако со својот автомобил удри во гаража на станбен комплекс во Лос Анџелес. Таа денеска е исклучена од апаратите кои ја одржуваа во живот, соопшти нејзината пријателка Ненси Дејвис. „Ен беше една од највнимателните личности што ги познавам. […]